ПРВ.мк
Балкан

ФОТОГРАФИЈА СТАРА 23 ГОДИНИ ПОВТОРНО КРУЖИ НА МРЕЖИТЕ: Можете ли да го препознаете Новак Ѓоковиќ?

ФОТОГРАФИЈА СТАРА 23 ГОДИНИ ПОВТОРНО КРУЖИ НА МРЕЖИТЕ: Можете ли да го препознаете Новак Ѓоковиќ?

Фотографија од далечната 2003 година повторно го привлече вниманието на тениската јавност, бидејќи на неа се наоѓаат четири имиња кои подоцна ќе стигнат до самиот врв на светскиот тенис.

На фотографиите се Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Викторија Азаренка и Анџелик Кербер во периодот кога биле млади тениски надежи, далеку пред најголемите успеси во нивните кариери.

Посебно внимание привлече изгледот на Ѓоковиќ од тој период. Иако фотографијата е стара повеќе од две децении, многумина коментираат дека српскиот тенисер е прилично лесно препознатлив и дека неговите црти на лицето не се промениле драстично.

Во годините што следуваа, Ѓоковиќ изгради една од најуспешните кариери во историјата на тенисот, со 24 гренд слем титули и олимписко злато, додека и останатите тројца тенисери од фотографиите подоцна стигнаа до првото место на АТП или ВТА листата и освојуваа гренд слем титули.

Фотографиите денес претставуваат интересно потсетување на периодот кога идните тениски шампиони биле само тинејџери на почетокот од своите кариери.