ПРВ.мк
Балкан

БАЛКАНОТ ГО ДОЧЕКА ПРВИОТ СНЕГ: Температурите нагло паднаа, студениот фронт ја зафати и Македонија

БАЛКАНОТ ГО ДОЧЕКА ПРВИОТ СНЕГ: Температурите нагло паднаа, студениот фронт ја зафати и Македонија

Студениот воздушен бран што го зафати Балканот ги донесе и првите снегулки за оваа сезона. Снег е забележан на планините во Србија и Бугарија, додека значително заладување пристигна и во Македонија.

Во Србија, првите снежни врнежи се забележани на Голија и Копаоник. На Голија снегот паѓал со посилен интензитет, но засега не се задржува поради температурата на подлогата. На Копаоник температурите се спуштиле до околу еден степен, носејќи вистинска зимска слика на повисоките делови.

Снег пристигна и во Бугарија. Во Пампорово дождот преминал во снег, додека снегулки се забележани и на повисоките делови на Рила, во околината на врвот Мусала. Температурите се спуштиле до околу четири степени, но засега нема формирана значителна снежна покривка.

Студениот фронт донесе осетен пад на температурите и во Македонија. Времето е значително постудено, а на највисоките планински предели постојат услови за појава на снег.