ПРВ.мк
Македонија

ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРОТИВ ПЛАГИЈАТИТЕ: Се подготвува нова државна платформа

ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРОТИВ ПЛАГИЈАТИТЕ: Се подготвува нова државна платформа

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) работи на развој на нова дигитална платформа за откривање плагијати и неовластено препишување при изработка на научни и дипломски трудови. Новиот систем ќе користи и вештачка интелигенција.

Ова го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, која истакна дека во проектот се вклучени професори и студенти од ФИНКИ.

Според Јаневска, постојниот систем за проверка на плагијати се користи веќе подолг период, додека новата платформа треба да понуди посовремено решение за утврдување евентуални злоупотреби и случаи на купување готови трудови преку интернет.

Министерката посочи дека професорите и студентите од ФИНКИ ја изработуваат платформата бесплатно и во корист на државата.

Според предвидената динамика, системот треба целосно да биде подготвен и ставен во функција до крајот на 2027 година, по што ќе биде јавно презентиран.