Полициски службеници од ОВР Свети Николе привеле 31-годишен маж од Кочани, откако бил пријавен за физички напад врз неговата 18-годишна вонбрачна партнерка.
Според информациите, Д.Р. (31) бил лишен од слобода на 21 септември во 22:20 часот во Свети Николе.
Неговата 18-годишна вонбрачна партнерка претходно пријавила дека околу 21 часот тој физички ја нападнал во домот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.










