ПРВ.мк
Црна Хроника

УДАР ВРЗ МАФИЈАТА: Речиси 400 уапсени - еве колку тони дрога е запленето!

УДАР ВРЗ МАФИЈАТА: Речиси 400 уапсени - еве колку тони дрога е запленето!
Kristal

Италијанската полиција спроведе една од најголемите антинаркотични операции во последните години, при што се уапсени 384 лица, а запленети се околу 1,4 тони дрога, соопштија надлежните служби.

Во рамки на акцијата, која била реализирана во неколку провинции низ земјата, покрај апсењата, отворени се истраги против вкупно 655 лица, меѓу кои и 39 малолетници. Полицијата информира дека при претресите се одземени 35 килограми кокаин, како и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.

Операцијата вклучувала 312 инспекциски контроли, по што привремено биле затворени пет продавници за канабис во три италијански града. За време на контролите, службениците заплениле околу 296 килограми производи од канабис, за кои лабораториските анализи покажале дека содржат недозволени наркотични супстанци.

Од полицијата потсетуваат дека Италија во јуни годинава усвои нови безбедносни прописи со кои се забранува продажбата на таканаречениот „лесен“ или „легален“ канабис, односно индустриски коноп, иако тој формално нема психоактивно дејство како марихуаната.

Надлежните институции најавуваат дека ваквите засилени акции ќе продолжат и во наредниот период, со цел сузбивање на трговијата со дрога и нелегалното оружје на национално ниво.

FixCredit
Escape