Тројца полицајци се здобиле со повреди во вооружен инцидент што се случил во градот Рочестер, во американската сојузна држава Њујорк, додека осомничениот напаѓач е убиен, пренесуваат американските медиуми.
Според информациите на Асошиејтед Прес, пукањето избувнало по семејна расправија која ескалирала во сериозна и насилна конфронтација што се проширила на повеќе улици во градот.
Освен тројцата полицајци, во инцидентот бил повреден и уште еден маж, чии повреди засега не се соопштени. Надлежните служби веднаш интервенирале и ја ставиле ситуацијата под контрола.
Истрагата за околностите и причините за пукањето е во тек, а полицијата собира дополнителни информации за целиот настан.
















