ПРВ.мк
Црна Хроника

ЦРН ДЕН ЗА МАКЕДОНЕЦ ВО ИТАЛИЈА: 31-годишен маж загина во тешка сообраќајна несреќа!

ЦРН ДЕН ЗА МАКЕДОНЕЦ ВО ИТАЛИЈА: 31-годишен маж загина во тешка сообраќајна несреќа!

Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила вчера во Италија, при што животот го загубил 31-годишен македонски државјанин.

Според информациите што ги објавија италијанските локални медиуми, несреќата се случила на државниот пат 16 „Адриатика“, во близина на градот Ортона.

Загинатиот е Стефан Ѓероски, 31-годишен маж роден во Македонија, кој во последниот период живеел во Ортона.

Ѓероски управувал автомобил „Фолксваген Голф“ кога, од засега непознати причини, возилото излетало од коловозот. Автомобилот потоа со голема сила удрил во потпорен ѕид покрај патот.

При ударот, 31-годишниот Македонец се здобил со тешки повреди, поради кои починал на местото на несреќата.

Италијанските надлежни служби работат на утврдување на точните причини и околности кои довеле до несреќата. Засега не се соопштени дополнителни детали за тоа како дошло до излетувањето на автомобилот од патот.