ПРВ.мк
Црна Хроника

ОПАСЕН ПОЖАР ВО ФАБРИКА: Осум загинати - спасувачките екипи на терен!

ОПАСЕН ПОЖАР ВО ФАБРИКА: Осум загинати - спасувачките екипи на терен!

Најмалку осум лица го загубија животот, а едно лице е повредено во пожарот што синоќа избувнал во текстилна фабрика во кинескиот град Фошан, во јужната провинција Гуангдунг.

Информацијата утринава ја објави кинеската државна новинска агенција „Синхуа“, која наведува дека пожарот предизвикал човечки жртви и повредено лице.

По избувнувањето на огнот, на терен биле испратени спасувачки и противпожарни екипи, а операциите за пребарување и спасување продолжуваат. Надлежните служби и понатаму работат на терен во обид да се утврди целосниот обем на последиците од пожарот.

Засега нема официјални информации за причината поради која избувнал пожарот, ниту се соопштени дополнителни детали за околностите во кои настанала трагедијата.

Според информациите што ги пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на „Синхуа“, истрагата и спасувачките активности сè уште траат, а повеќе информации се очекуваат откако надлежните служби ќе ги завршат првичните активности и ќе ги утврдат околностите на несреќата.