Жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната, а потоа и несоодветно допирана од едно лице во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 19 септември 2026 година во 20:00 часот во СВР Скопје. Станува збор за 39-годишна скопјанка, која во објектот била ангажирана заедно со нејзината мајка за извршување хигиеничарски услуги.
Таа пријавила дека додека се наоѓала во угостителскиот објект, едно лице најпрво физички ја нападнало, а потоа ја допирало по телото.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Засега нема дополнителни информации за идентитетот на пријавеното лице, ниту за околностите под кои се случил настанот.






