ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ВО СОЛУН: 21-годишен маж починал по пад од Белата кула!

ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ВО СОЛУН: 21-годишен маж починал по пад од Белата кула!

21-годишен маж денеска починал во Солун по пад од Белата кула, едно од најпознатите историски обележја на грчкиот пристанишен град, јавуваат грчките медиуми.

Според информациите објавени од „Екатимерини“, инцидентот се случил околу 11:35 часот, по што на местото веднаш пристигнале полициски службеници и медицински екипи.

Мажот бил пренесен во Универзитетската болница АХЕПА, но и покрај медицинската интервенција, подоцна починал. Според првичните информации, при пристигнувањето на медицинските екипи тој бил свесен, но имал сериозни повреди.

Околностите под кои се случил падот засега не се целосно утврдени, а надлежните служби работат на расчистување на случајот.

Белата кула е една од најпознатите туристички и историски локации во Солун. Се наоѓа на градскиот кеј, покрај Егејското Море, и е висока 33,9 метри. Изградена е во 16 век, во периодот на Османлиското Царство, за време на владеењето на Сулејман Величествениот, на темелите на постара кула од византискиот период.

Во минатото објектот имал функција на тврдина и затвор, а во него биле затворани и мачени и македонски револуционери и борци. Поради историската улога, кулата некогаш била позната и како „Крвава кула“, назив кој подоцна бил забранет од османлиските власти.

Денес Белата кула функционира како музеј и е еден од симболите на Солун.