ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ: Четири возила учествувале во судир, има повредени - еве колку лица се хоспитализирани!

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ: Четири возила учествувале во судир, има повредени - еве колку лица се хоспитализирани!

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава во близина на Белви, каде според првичните информации до кои дојде „Скопје1“, дошло до судир меѓу три автомобили и автобус.

На местото веднаш интервенирала екипа на Брзата помош. Најмалку три лица биле повредени, по што биле пренесени во болница за понатамошен преглед и медицинска помош.

Од силината на ударот, едно од возилата се завртело и завршило во заштитната ограда покрај патот.

По коловозот биле расфрлани делови од возилата, што дополнително го отежнувало одвивањето на сообраќајот.

Засега нема официјални информации за тежината на повредите, ниту се познати точните причини и околности што довеле до судирот.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот и официјалното известување од МВР.

Најнови вести