Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември, околу 13:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено починато тригодишно дете.
Како што информираат од полицијата, детето имало здравствени проблеми, а смртта настапила за време на транспортот кон здравствената установа.
По добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле мерки во рамките на своите надлежности.
За трагичниот случај бил известен и јавен обвинител, по чии насоки телото на починатото дете било предадено на семејството.
Засега не се соопштени дополнителни информации за здравствените проблеми на детето, ниту за точната причина за смртта.








