ПРВ.мк
Црна Хроника

МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА: Пронајден мртов 38-годишен маж со прострелна рана!

МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА: Пронајден мртов 38-годишен маж со прострелна рана!

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 21 ноември 2026 година, во 06:15 часот, во СВР Скопје.

Веднаш по пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот, каде што утврдиле дека станува збор за 38-годишен жител на скопското село Љубин.

Во непосредна близина на телото бил пронајден автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот.

Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт, а при првичниот преглед била забележана прострелна повреда во пределот на ногата.

Полициска увидна екипа извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Засега не е утврдено како настанала прострелната повреда, ниту која е точната причина за смртта.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести