ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ФАБРИКА ЗА СЛАТКИ: Пронајдени 24 вреќи со човечки останки, десетици работници исчезнати! (ВИДЕО)

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ФАБРИКА ЗА СЛАТКИ: Пронајдени 24 вреќи со човечки останки, десетици работници исчезнати! (ВИДЕО)

Страшен пожар зафатил фабрика за слатки во Индонезија, каде што спасувачките екипи пронашле човечки останки, додека десетици работници сè уште се водат како исчезнати. Семејствата очајно чекаат информации за своите најблиски.

Трагедијата се случила во саботата, 21 ноември, во фабриката на компанијата „PT Fonusa Agung Mulia“, во индустриската зона Чиканде, во провинцијата Бантен, на западниот дел од островот Јава.

Огнот ги зафатил производствените и магацинските простории, по што пламенот брзо се проширил низ објектот.

Полицијата соопштила дека од урнатините се извлечени 24 вреќи со човечки останки, но предупредила дека тоа не претставува конечен број на загинати, бидејќи во една вреќа може да има останки од повеќе лица.

Според податоците на компанијата, од група од 65 работници, 24 се вратиле дома, четворица се на болничко лекување, по 29 се трага, а за уште осум нема потврдени информации каде се наоѓаат.

Поради големиот интензитет на пожарот, визуелната идентификација на жртвите не е можна.

Надлежните земаат ДНК-примероци од семејствата на исчезнатите, а се проценува дека идентификацијата би можела да трае две до три недели.

Спасувачката операција е дополнително отежната поради високите температури, големите оштетувања и опасноста од уривање на делови од трикатната зграда.

Потрагата била привремено прекината во текот на ноќта, а продолжување е најавено за понеделник, кога ќе бидат исполнети безбедносните услови.

Пред фабриката се собрале членови на семејствата на вработените, кои со неизвесност чекаат вести за исчезнатите.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена. Дел од преживеаните посочиле дека огнот можеби избувнал во близина на разладен уред на третиот кат, но оваа информација не е официјално потврдена.

Компанијата изразила жалење за трагедијата и најавила поддршка за погодените работници и нивните семејства.

Точниот број на загинати ќе биде познат по завршувањето на спасувачката операција и форензичката идентификација.