ПРВ.мк
Свет

ОВА Е МОМЕНТОТ НА СИЛНАТА ЕКСПЛОЗИЈА НА РУСКАТА КОРВЕТА ВРЕДНА 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ! Одекнале застрашувачки експлозии, се појавиле драматични снимки (ВИДЕО)

ОВА Е МОМЕНТОТ НА СИЛНАТА ЕКСПЛОЗИЈА НА РУСКАТА КОРВЕТА ВРЕДНА 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ! Одекнале застрашувачки експлозии, се појавиле драматични снимки (ВИДЕО)

Силни експлозии и голем пожар го потресле пристаништето Бенгази во источна Либија, а според специјализираниот воено-поморски портал „Naval News“, постојат сериозни индиции дека во инцидентот е уништена руска ракетна корвета.

Станува збор за воениот брод „Меркуриј“, кој припаѓа на класата „Стерегушчи“ на руската морнарица.

Според воено-поморскиот аналитичар Х. И. Сатон, сателитските снимки и дополнителните информации укажуваат дека бродот бил зафатен од голем пожар.

Порталот проценува дека корветата најверојатно е уништена, но засега нема официјална потврда од руските власти.

Не е познато дали бродот потонал покрај пристаништето или целосно изгорел, ниту каква е судбината на неговиот екипаж.

Либиските власти потврдиле дека во поморската база во Бенгази се случила експлозија во складиште за муниција, по што избувнал голем пожар.

Противпожарните екипи интервенирале и успеале да го стават пожарот под контрола, додека граѓаните биле предупредени да не се приближуваат до воената база.

На социјалните мрежи се појавиле драматични снимки од експлозиите и пожарот, како и непотврдени информации за можен напад со беспилотни летала.

Италијанската новинска агенција „Agenzia Nova“ објавила дека одредени локални извори се сомневаат во напад со дрон, но засега нема докази што би потврдиле такво сценарио.

Не е потврдена ниту евентуална вмешаност на Украина или друга држава.

Корветата „Меркуриј“ влегла во составот на руската морнарица во 2023 година. Долга е приближно 105 метри и има екипаж од околу 90 лица.

Бродот е опремен со ракетни системи и е наменет за дејствување против други пловила, подморници и воздушни цели.

Според објавените информации, корветата престојувала во Бенгази неколку дена и била поврзана со придружба на руски воени транспортни бродови.

Доколку се потврди нејзиното уништување, тоа би претставувало значајна загуба за руската морнарица.

Засега причината за експлозиите останува непозната, а нема ниту официјални информации за евентуални жртви и вкупната материјална штета.


Видео: