ПРВ.мк
Црна Хроника

„СИ ИСПИЛ ПРЕМНОГУ И НЕ САКАШ ДА ТЕ ФАТАТ?“: Уапсен поради напиток рекламиран за „измама“ на алкотест

„СИ ИСПИЛ ПРЕМНОГУ И НЕ САКАШ ДА ТЕ ФАТАТ?“: Уапсен поради напиток рекламиран за „измама“ на алкотест

Грчката полиција уапсила 59-годишен маж осомничен дека преку интернет продавал напиток за кој тврдел дека може да помогне при полициско тестирање за присуство на алкохол.

Производот се продавал под името „NO POLICE“, а на социјалните мрежи бил рекламиран како напиток наменет за лица кои консумирале алкохол и сакале да избегнат позитивен резултат на алкотест.

Случајот бил откриен по пријава поднесена преку грчката државна платформа gov.gr, по што истрага започнала Службата за борба против електронски криминал. Истражителите го идентификувале 59-годишникот како лице поврзано со интернет-страницата и компанијата преку која се дистрибуирал производот.

При претрес на простории на компанијата во Коридалос, полицијата пронашла и запленила 99 шишиња од напитокот, кои потоа биле испратени на лабораториско испитување.

Според објавените информации, производите немале етикети на грчки јазик, а лабораториските анализи покажале дека содржеле витамини во концентрации и до шест пати повисоки од дозволените во соодветните одобрени безалкохолни пијалаци.

Напитокот, кој содржел витамин Ц, витамин Б6, зелен чај и кофеин, се продавал по цена од 9,90 евра за едно шише.

Во рекламите се користел и провокативниот слоган: „Си испил премногу и не сакаш да те фатат? NO POLICE напиток“.

Случајот е предаден на надлежното обвинителство, додека грчките власти продолжуваат со истрагата.