ПРВ.мк
Македонија

Големи промени во образованието: Јаневска откри што ги очекува наставниците во следните пет години

Големи промени во образованието: Јаневска откри што ги очекува наставниците во следните пет години

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека во следните четири до пет години ќе има минимален број нови вработувања на наставници, поради вишокот на наставен кадар во однос на бројот на ученици.

Според Јаневска, анализите на МОН, УНИЦЕФ и Светската банка покажуваат дека во образовниот систем има околу 3.000 наставници и 1.800 паралелки повеќе од реалните потреби. Таа посочи дека во минатото паралелките биле делени за да се зачуваат работните места, при што во одредени случаи биле формирани паралелки со само едно или две деца. 4NEWS.mk

„Образованието со години се користеше за одржување социјален мир, но тоа е голема грешка“, изјави Јаневска, додавајќи дека не треба да им се дава лажна надеж на младите кои планираат кариера во наставата. 4NEWS.mk

Таа најави дека новите вработувања ќе бидат сведени на минимум сè додека не се постигне оптимален однос меѓу бројот на наставници и ученици. Истовремено, државата има недостиг од наставници по одредени стручни предмети, а според Јаневска, проблемот се адресира преку повисоки стипендии и можности сродни стручни кадри дополнително да се квалификуваат за работа во образованието. 4NEWS.mk

Постојниот наставен кадар, според најавите, треба да продолжи да се ангажира преку целодневна настава, дополнителни активности, училишни секции и изборни предмети.