ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Автобус полн со туристи излета од автопат – има загинати и тешко повредени

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Автобус полн со туристи излета од автопат – има загинати и тешко повредени

Две лица загинаа, а повеќе патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот А96 во близина на Бухлое, во германската покраина Баварија.

Туристичкиот автобус, кој превезувал околу 50 лица, излетал од автопатот околу шест часот и се превртел по насип. Според информациите на германските медиуми, осум лица се здобиле со потешки повреди.

Автобусот бил со италијански регистарски таблички, а патниците биле туристичка група од Филипините која патувала од Милано кон Минхен, каде требало да го посети Октоберфест.

Причината поради која автобусот излетал од патот засега не е позната. Надлежните ангажирале експерт кој треба да помогне во реконструкцијата на несреќата и утврдувањето на точните околности.

На местото биле ангажирани околу 250 припадници на итните служби, меѓу кои полицајци, пожарникари и медицински екипи. Повредените патници биле пренесени во болници.