ПРВ.мк
Црна Хроника

ДВЕ МАСОВНИ ПРЕСТРЕЛКИ ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА: 27 лица убиени, полицијата трага по напаѓачите

ДВЕ МАСОВНИ ПРЕСТРЕЛКИ ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА: 27 лица убиени, полицијата трага по напаѓачите

Најмалку 38 лица загинаа во низа трагични инциденти во Јужна Африка, меѓу кои две масовни престрелки во кои животот го загубија 27 лица, додека десетици се повредени.

Најкрвавиот напад се случил во Ведела, во областа Вест Ранд недалеку од Јоханесбург. Според полицијата, осум вооружени напаѓачи отвориле оган врз луѓе пред угостителски објект, а потоа влегле внатре и продолжиле да пукаат.

Во нападот загинале 17 лица, додека уште 15 биле ранети. Напаѓачите биле вооружени со пиштоли и автоматски пушки. По нападот, според првичните информации, на дел од присутните им ги одзеле мобилните телефони и избегале со две возила. Полицијата трага по нив, а мотивот засега не е утврден.

Само неколку часа подоцна следувал уште еден масовен напад, овојпат во Лендвле во провинцијата Западен Кејп. Вооружени лица влегле во угостителски објект и почнале да пукаат кон гостите.

Пет лица починале на местото, а уште пет подоцна им подлегнале на повредите во болница. Во нападот биле повредени уште 11 лица. Формиран е специјален полициски тим кој трага по сторителите.

Црниот биланс во Јужна Африка дополнително се зголемил по тешка сообраќајна несреќа на автопатот Н2 кај Мтубатуба, во провинцијата Квазулу-Натал. Во директен судир меѓу минибус и камион загинале сите 11 патници во минибусот, додека повеќе лица биле пренесени во болница со тешки повреди.

Според првичните информации, патниците се враќале дома од музички фестивал.