ПРВ.мк
Црна Хроника

Шокантно откритие: Приведен 47-годишник со голем насад на канабис

Шокантно откритие: Приведен 47-годишник со голем насад на канабис

На 16 септември 2025 година, околу 12:30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С. (47) од село Ајватовци, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, по претходно добиени оперативни сознанија, Д.С. бил затекнат во близина на полуотворена фолија за одгледување растенија, во која биле видливи повеќе насадени стебла од канабис.

Местото било обезбедено, а подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле претрес. При претресот биле пронајдени и одземени повеќе стебла од растението канабис.

Д.С. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Escape