Шеесет и едногодишна жена од Куманово пријавила во полицијата дека била измамена за 3.233.280 денари (над 50.000 евра) при купување стан со гаража, кој требала да го примопредаде уште во септември 2020 година.
Според пријавата, станот го купила преку посредник од правно лице од Скопје, но фирмата не го испочитувала договорениот рок за изградба. На почетокот на 2025 година, жената добила известување од извршител дека доверител на станот е банка во стечај, по што сфатила дека станала жртва на измама.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.