Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавува итни законски измени со кои подметнувањето пожар ќе се третира како дело на тероризам, а фрлањето отпад на несоодветно место ќе се казнува со повеќе од пет години затвор.
Премиерот Христијан Мицкоски од Јагуновце изјави дека веќе разговарал со координаторот на пратеничката група за што побрза промена на законите. „Секој што ќе биде фатен како подметнува пожар или фрла ѓубре каде што не му е местото, ќе биде најстрого казнет“, нагласи тој.
Министерството за животна средина вчера достави допис до сите општини за итно расчистување на дивите депонии и за правилно одлагање на отпадот.
Според премиерот, веќе се идентификувани дваесетина лица за кои постојат сомнежи дека стојат зад неодамнешните пожари.