ПРВ.мк
Сцена

(ФОТО) ПО 10 ДОЛГИ ГОДИНИ СЕ ВРАТИ ВО СРБИЈА И ОТИДЕ ПРАВО НА ГРОБОТ НА НЕГОВАТА НАЈГОЛЕМА ПРИЈАТЕЛКА! Нема шанси некој да го препознаете – СОСЕМ ДРУГ ЧОВЕК!

(ФОТО) ПО 10 ДОЛГИ ГОДИНИ СЕ ВРАТИ ВО СРБИЈА И ОТИДЕ ПРАВО НА ГРОБОТ НА НЕГОВАТА НАЈГОЛЕМА ПРИЈАТЕЛКА! Нема шанси некој да го препознаете – СОСЕМ ДРУГ ЧОВЕК!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, по речиси една деценија пристигна во Белград, а првото место кое го посети кога стигна во српската престолнина беше гробот на неговата голема пријателка Марина Туцаковиќ и нејзините синови Милош и Милан Радуловиќ.

Ја исполни својата желба и ветување

Македонскиот шоумен пред неколку дена на својот Инстаграм профил објави дека доаѓа во српската престолнина и дека најпрво ќе го посети вечниот дом на семејството Радуловиќ-Туцаковиќ, а своето ветување го исполни.

Боки се појави на гробиштата целосно облечен во црно од глава до пети со марама на главата. Штом стигна, коленичеше и го бакна портретот на Марина. Потоа гробот го прели со ракија за покој на душата.

„Марина ме сакаше безусловно“

Да потсетиме, Боки во првата исповед по излегувањето од затвор зборуваше за љубовта и пријателството со семејството Туцаковиќ.

  • Страшни денови во притвор. Не можете да сфатите како изгледа тоа. Без поддршката на родителите, не би издржал ни половина и не би бил тука каде што сум сега. Во затворот, ако ништо друго, научив како да ги држам будалите настрана од себе. Имав психијатри додека бев во болница, паѓав во големи кризи, сепак пет години надвор од слобода многу влијаеја на мене. И животните водичи ми помогнаа многу. На се што ми се случуваше таму, во еден момент дознав дека почина Марина Туцаковиќ. Тоа многу ми падна тешко, бидејќи бевме многу добри. Тоа беше една од жените која ме сакаше безусловно. Првото нешто што ќе го направам кога ќе одам во Белград е да го посетам гробот на Марина.

„10 дена пред смртта ме посети Лаќа“

  • Марина беше блиска со сите пејачи, но со мене имаше посебен однос. Не беше професионално, беше голема љубов, не знам како да го опишам тоа. Ме запозна кога гостував во едно шоу каде таа беше дел од жирито. Сакав таа да ми пишува песни. Беше прекрасна жена. Активно учествував во нејзината борба со ракот. Потоа ме затворија, таа требаше да сведочи. И за Марина, и за Фута и за Лаќа моето срце ќе им припаѓа засекогаш. Десетина дена пред да умре, Лаќа ме посети во болница, после 10 дена загина. Имавме посебна врска и енергија. Многу убави зборови што ќе ги памтам цел живот ми остави Марина, а еден од нив беше: „Што ќе биде, ќе биде.“
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape