ПРВ.мк
Сцена

Џамбазов ја прослави љубовта кон својата Ферхунде

Џамбазов ја прослави љубовта кон својата Ферхунде

Актерот и шоумен Игор Џамбазов повторно го стопли интернетот – овој пат со роденденска честитка за своето најверно другарче, кучето Ферхунде, кое денеска наполни три години.

Во видео објавено на социјалните мрежи, Џамбазов со насмевка и добро позната доза хумор и се обрати на Ферхунде: „Драги гледачи, пред три години на овој ден се роди Ферхунде. Среќен роденден срце мое, среќен роденден…“.

За да нема сомнеж околу датумот, Игор дури и го покажа пасошот на миленичката, каде јасно стои дека 15 септември е нејзиниот роденден.

Објавата предизвика бран позитивни коментари, а Ферхунде доби десетици честитки од верните следбеници на Џамбазов.

Escape