ПРВ.мк
Наука/Технологија

Шокантна вистина: Еве какви отрови секојдневно влегуваат во нашата крв преку загадениот воздух!

Шокантна вистина: Еве какви отрови секојдневно влегуваат во нашата крв преку загадениот воздух!

Загадениот воздух не носи само непријатно чувство на печење во очите, кашлица и кивање – тој е полн со канцерогени и токсични материи што незабележливо навлегуваат во нашите бели дробови, а оттаму директно во крвотокот и сите органи.

Докторката Слепчевиќ предупредува дека во урбаните средини доминираат ПМ-честичките, азотните оксиди, сулфур диоксидот и јаглерод моноксидот, а во воздухот се присутни и тешки метали и бензопирен – еден од најопасните канцерогени. Овие супстанции не делуваат одвоено, туку се засилуваат меѓусебно, а при метаболизмот во телото создаваат уште поштетни соединенија.

Симптомите можат да бидат „невини“ како кашлица или печење во очи, но кај хронично болни луѓе загадениот воздух предизвикува сериозни компликации – влошување на астма, белодробни и срцеви заболувања, па дури и смртен исход.

Дополнително, затворените простории не се безбедни – чадот од цигари, камини, бојадисување и несоодветна вентилација можат да создадат уште поопасна средина од онаа надвор.

„Секоја честичка што ја вдишуваме бара орган што ќе го уништи – тоа е вистинската опасност“, вели Слепчевиќ.

Секој здив што го земаме во загадена средина е директен удар врз нашето здравје – невидлива опасност што тивко нè убива.

Escape