ПРВ.мк
Свет

Шпанската маслинова загатка – дали цената ќе скокне над 5 евра или ќе се урне?

Шпанската маслинова загатка – дали цената ќе скокне над 5 евра или ќе се урне?

Маслиновото масло повторно е во центар на европскиот пазар, а сите погледи се вперени кон Шпанија – најголемиот производител. Неколку недели пред новата берба, цените веќе се движат како на рулет: од 4,5 до над 5 евра за килограм, во споредба со 3,80 евра минатиот јули.

Главната причина за неизвесноста се временските услови. Според пазарните извори, на Шпанија ѝ се потребни „два дождови“ за да се потврдат предвидувањата, но прогнозите се дека производството нема да стигне до првичните 1,6 милиони тони, туку може да падне и под 1,4 милиони.

Токму затоа многу производители одбиваат да продаваат по сегашните цени и се обложуваат на уште поголем раст. Но, овој потег носи висок ризик: доколку новата берба биде подобра од очекуваното, цената би можела да падне и под 4,30 евра – сценарио кое за производителите би значело сериозен удар.

Ситуацијата ја комплицира фактот што Италија оваа година очекува пристојно производство од околу 300.000 тони, а Грција може да стигне до 250.000 тони. Со тоа, балканските и медитеранските пазари дополнително ќе влијаат врз цената.

Сè додека не почне новото производство, пазарот ќе остане во магла. „Шпанската загатка“ останува клучна – дали цената ќе експлодира или ќе се стопи пред очите на производителите?

Escape