ПРВ.мк
Црна Хроника

МВР за ужасот во Велес: Убиецот им отишол дома и со нож ги убил поранешната сопруга и нејзиниот татко

МВР за ужасот во Велес: Убиецот им отишол дома и со нож ги убил поранешната сопруга и нејзиниот татко

Попладнево Велес го потресе невиден хорор – 39-годишен маж со нож ја нападнал својата поранешна сопруга и нејзиниот татко, по што сам си пресудил.

Според МВР, првата жртва е 31-годишната Р.К., која со тешки убодни рани била пренесена во велешката болница, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот. Во својот дом на истата улица бил пронајден и нејзиниот татко К.К. (68), исто така заклан со нож.

Убиецот И.С. (39) од Скопје бил најден со сериозни повреди во домот на таткото и веднаш пренесен во болница, каде што и кај него била констатирана смрт.

Неофицијално, убиената претходно повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за закани и насилство – тој дури и ѝ го запалил автомобилот.

Обвинител и полициски екипи направија увид на двете места на злосторството, а истрагата продолжува за да се утврдат сите детали околу овој потресен случај.

Escape