ПРВ.мк
Црна Хроника

КАКО НА ФИЛМ: Троен трагичен чин во Велес - Двојно убиство по семејна драма, убиецот си го одзел животот

КАКО НА ФИЛМ: Троен трагичен чин во Велес - Двојно убиство по семејна драма, убиецот си го одзел животот

Попладнево во Велес се случи шокантен крвав настан – двојно убиство кое заврши со самоубиство, дознава Инфомакс од извори на терен.

Според првичните информации, невенчан сопруг пукал во својата поранешна партнерка и во уште едно лице, по што и самиот се самоубил.

Жртвата, која претходно била мета на семејно насилство, неколку пати го пријавувала напаѓачот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко. Во минатото имало и инцидент со палење на нејзиното возило, како и физички напад врз неа и нејзиниот сегашен дечко во нејзиниот дом.

Извори од Велес откриваат дека жената при пријавувањето на случаите предупредувала во полиција дека насилникот може да ја убие, но и покрај тоа, не биле преземени конкретни мерки.

Од СВР Велес најавија дека во текот на денешниот ден ќе излезат со официјални информации за трагичниот настан кој го потресе градот.

Escape