ПРВ.мк
Црна Хроника

АВТОМОБИЛОТ СЕ ПРЕПОЛОВИ: Возач леташе 218 км/ч и загина во ужасан судир

АВТОМОБИЛОТ СЕ ПРЕПОЛОВИ: Возач леташе 218 км/ч и загина во ужасан судир

Едно лице загина во стравична сообраќајна несреќа утрово во Софија, Бугарија. Автомобилот се судрил во дрво и буквално се поделил на два дела, според снимките објавени на социјалните мрежи.

Несреќата се случила околу 9:30 часот наутро. Првичните информации од Европскиот центар за транспортни политики наведуваат дека возачот се движел со 218 км/ч на место каде максимално дозволената брзина била 70 км/ч.

Бугарските медиуми јавуваат дека возачот починал на местото на настанот, а истрагата за причините и околностите на несреќата е во тек.

Escape