ПРВ.мк
Свет

Рубио: Сите заложници мора веднаш да се вратат, Хамас мора да биде уништена

Рубио: Сите заложници мора веднаш да се вратат, Хамас мора да биде уништена

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека сите заложници мора веднаш да се вратат дома и дека Хамас мора да биде „уништена“ како вооружена организација. На прес-конференција во Ерусалим, тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп останува посветен на овие цели, јавува „Тајмс оф Израел“.

Рубио посочи дека Иран претставува закана не само за Израел и САД, туку и за сојузниците од Персискиот Залив и Европа, додавајќи дека нуклеарниот Иран е „неприфатлив ризик“ за светот.

Тој го критикуваше Хамас за „неспоредлив варваризам“ и нагласи дека народот на Газа нема да може да живее во мир или да има подобра иднина сè додека групата не биде разоружана и сите заложници не се вратат дома.

„Фокусирани сме на тоа што ќе се случи следно“, рече Рубио, осврнувајќи се на израелскиот напад во Доха минатата недела. Тој отпатува во Израел за да го пренесе на премиерот Бенјамин Нетанјаху незадоволството на САД поради нападот врз седиштето на Хамас во Катар.

Во текот на посетата, Рубио најави дека ќе разговара со Нетанјаху за воените планови на Израел за Газа, како и за можната анексија на делови од окупираниот Западен Брег.

Escape