77-мото доделување на наградите „Еми“ се одржа во Лос Анџелес, а централна фигура на вечерта беше 15-годишниот Овен Купер, кој стана најмладиот добитник на наградата „Еми“ за главна улога. Купер ја освои наградата за својот настап во серијата „Адолесценција“, со што го запиша своето име во историјата на телевизиските награди.
Тој призна дека никогаш не очекувал да се најде во САД, а камоли да ја добие оваа престижна награда. „Пред околу три години бев ништо, а сега сум тука. Излезете малку од вашата зона на удобност, кого го интересира ако се засрамите“, рече Купер во својот говор при примањето на наградата.
Серијата „Адолесценција“ освои вкупно шест награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобра мини-серија. Други победници на вечерта беа „Студиото“ и „Пит“, кои исто така освоија дел од престижните Еми награди.
Стивен Греам, кој ја освои наградата за најдобар актер, зборуваше за искуството на снимањето и нагласи дека најважно за него е тоа што целиот тим бил еднаков и вреднуван во текот на целиот процес на создавање на серијата.