Стриминг-платформата „Нетфликс“ доби уште еден голем хит – мини-серијата „Заложник“ (Hostage), која со само пет епизоди успеа да предизвика вистински бран на воодушевување кај гледачите.
Во помалку од пет часа, приказната носи повеќе пресврти и неизвесност отколку што некои серии прикажуваат за цела сезона. Сценариото следи драматична криза: сопругот на британската премиерка е киднапиран за време на важен дипломатски самит, додека францускиот претседател прима закани што можат да ја разнишаат меѓународната политика. Двајцата лидери мора да изберат – дали ќе соработуваат или ќе влезат во опасна игра на политички интриги.
Главната улога на премиерката Абигејл Далтон ја толкува Сјуран Џоунс, а критичарите и гледачите се согласуваат дека ова е една од нејзините најмоќни изведби досега.
Серијата доби 78% позитивни оценки на „Ротен томејтос“, но уште поважно – публиката ја прогласи за адреналинска сензација. „Ова е како десет епизоди спакувани во пет – и тоа во најдобра смисла“, напиша еден гледач. Други додаваат дека ја изгледале „во еден здив“ и ја опишуваат Џоунс како „апсолутно феноменална“.
Видео: