ПРВ.мк
Магазин

Јапонија со речиси 100.000 стогодишници — најстарите жители во светот!

Јапонија со речиси 100.000 стогодишници — најстарите жители во светот!

Јапонската влада објави дека бројот на лица на возраст од 100 години и повеќе во земјата достигнал скоро 100.000, што е рекордна бројка. Според Министерството за здравство, во септември во Јапонија имало 99.763 стогодишници, од кои 88% се жени.

Јапонија важи за земја со најдолг животен век во светот, а најстарата жена е 114-годишната Шигеко Кагава, додека најстар маж е 111-годишниот Кијотака Мизуно.

Растот на бројот стогодишници се должи на здрав начин на живот, ниска стапка на дебелина, здрава исхрана со риба и зеленчук, како и активен начин на живот. Јапонците одржуваат и традиционални активности како „Радио Таисо“ — кратки дневни вежби што се практикуваат низ целата земја.

Сепак, точноста на статистиките понекогаш се доведува во прашање поради грешки во водењето на регистрите, а во 2010 година беше откриено дека некои лица што биле заведени како стогодишници, всушност починале пред повеќе децении.

Escape