Најмалку 17 лица, вклучувајќи и деца, загинаа, а десетици се повредени во обновените воздушни напади на Израел во Појасот Газа, објавија медицински извори.
Државната новинска агенција Вафа јави дека 10 лица, меѓу кои и деца, загинале во напади врз две куќи во северниот дел на Газа, додека шатор за раселени цивили во западниот дел бил погоден од израелската армија, при што загинале шест лица, вклучувајќи три деца.
Во централниот дел на Појасот Газа, уште еден Палестинец бил убиен од израелски оган.
Од почетокот на војната во октомври 2023 година, речиси 65.000 Палестинци ги загубија животите, а енклавата е сериозно опустошена и се соочува со глад.
Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите воени операции во регионот.