ПРВ.мк
Свет

Пад на мал авион во Германија – пронајдени остатоци и жртви по неколкучасовна потрага!

Пад на мал авион во Германија – пронајдени остатоци и жртви по неколкучасовна потрага!

Во неделата вечер во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, мал авион кој требаше да слета на аеродромот Битбург, ненадејно го изгуби контактот со радарот.

По неколкучасовна потрага, утрово полицијата и пожарникарите ги пронајдоа остатоците од авионот на поле во близина на селото Флисем. Во авионот имало две лица кои, за жал, биле пронајдени мртви.

Идентитетот на загинатите и причините за несреќата сè уште не се познати.

Escape