Целосна блокада на една од најфреквентните делници од автопатот Солун–Атина ќе трае повеќе од еден месец, поради работи во тунелот Катерини. Сообраќајот ќе се пренасочува преку обиколницата Катерини, а возачите се повикуваат на внимание, претпазливост и трпеливост.
Според информациите од грчката сообраќајна полиција, делницата од излезот Катерини Југ до излезот Катерини Север ќе биде затворена во обата правци – и кон Атина и кон Солун, поради градежни зафати во тунелот.
Затворањето започнува на 15 септември во 08:00 часот и ќе трае до 20 октомври во 08:00 часот.
Сите возила ќе се пренасочуваат преку обиколницата на Катерини, а полицијата апелира возачите да ги следат дополнителните насоки на патот и да внимаваат на времените сообраќајни знаци.
Информацијата е особено важна за сите кои патуваат до или од:
- Атина
- Волос
- Пелион
- Евија
- Олимпискиот регион (Паралија Катерини, Лептокарија, Платамон, Неи Пори)
- Метеора
Оние што патуваат до Јонското Море не се засегнати од оваа мерка.
Официјалното соопштение го издаде Сообраќајната полиција на Пиерија,