ПРВ.мк
Свет

Почина позната новинарка и водителка по долга борба со ракот

Почина позната новинарка и водителка по долга борба со ракот

Канадската телевизиска водителка и новинарка Беверли Томсон почина на 61-годишна возраст, по долга борба со ракот. Таа беше долгогодишна водителка на Си-ти-ви њуз и позната по интервјуата со светски познати личности.

Томсон починала во неделата наутро, опкружена со семејството, по болеста што ја водела од 2002 година. По дијагнозата, активно се вклучила во собирање средства и подигање на свеста за ракот на дојка.

Новинарката зад себе оставила сопруг, Роб, и две деца, Тејлор и Роби. Со над три децении искуство, таа ги водела Канаѓаните низ значајни историски моменти, од американските избори во 2016 година, до интервјуата со познати личности како Селин Дион, Шанаја Твејн, Доналд Трамп и астронаутот Крис Хадфилд на Меѓународната вселенска станица.

„Беверли Томсон беше доверлив глас за Канаѓаните и ценет соработник за сите нас во Си-ти-ви њуз“, изјави Ричард Греј, потпретседател за вести во „Бел медиа“.

„Начинот на водење на Беверли создаде моментална врска со гледачите, а нејзината поддршка и застапување за добротворни организации за борба против ракот имаше значително влијание низ целата земја. Многу ќе ни недостига“, додаде тој.

Во октомври 2024 година, Томсон ја доби наградата за животно дело од Здружението на радиотелевизиски дигитални вести на Канада.

Escape