Од вечерва, сите видови горива поевтинуваат за 0,5 денари. ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по 75,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР 98+ по 77,5 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ исто така поевтинува и ќе чини 69,5 денари по литар. Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета на 69 денари, додека мазутот поевтинува за 0,4 денари и ќе се точи за 36,7 денари по килограм.