СВР Велес денеска соопшти детали за вкупните поплаки поднесени од Росица К. против Илија С. од Скопје. Во извештајот се наведува дека Росица пријавила повеќе инциденти, меѓу кои вознемирување, физички напади, графити со навредливи содржини и неовластено одземање на автомобилот на татко ѝ кој потоа бил запален.
Полицијата извршила проверки и службени разговори, но засега нема докази кои го потврдуваат одземањето и запалувањето на возилото. И.С. негирал поврзаност со дел од настаните, а службени материјали се доставени до ОЈО за натамошна постапка.
Во извештајот се наведуваат и претходни пријави од 2024 и 2025 година за физички напад и непочитување на мерката забрана за приближување, како и за инциденти со експлицитни фотографии на УСБ и пораки на социјални мрежи. Полицијата и Обвинителството продолжуваат со утврдување на фактите и собирање докази.