Утре и во четврток времето во Македонија ќе биде посвежо и ветровито, со умерен до засилен северен ветер, кој на некои места ќе достигнува над 60 km/h, информираат од УХМР.
По овие денови, се очекува стабилизирање на времето со сончеви периоди и посвежи утра, додека дневните температури постепено ќе се зголемуваат, носејќи пораст на топлите денови во текот на следната недела.