ПРВ.мк
Балкан

Бугарија ќе добие седум воени бродови како донација од Белгија и Холандија

Бугарија ќе добие седум воени бродови како донација од Белгија и Холандија

Бугарија наскоро ќе ја засили својата морнарица со седум воени бродови кои ќе ѝ бидат донирани од Белгија и Холандија, пренесува Naval News, а информацијата ја цитира весникот 24 часа.

Според договорот, Белгија ќе подари четири бродови од класата „Трипартит“ – истиот тип на кој припаѓа и бугарскиот миноловец „Цибар“. Трансферот е одобрен од белгиската влада на 12 септември, а Бугарија ќе ги покрие трошоците за поправка, подготовка за активна служба и транспорт до Црното Море. Поправките ќе се изведуваат во белгиски бродоградилишта.

Освен модернизацијата на својата флота, Бугарија ќе обучува и украински екипажи за користење на овој тип бродови. Белгија и Холандија веќе донираа два брода од истата класа на Украина во јуни годинава.

Во моментов, бугарската морнарица располага со три бродови од иста класа купени од Белгија, два стари базни брода од советско производство и три мали воени брода изградени во 90-тите, како и три фрегати по натовски стандарди.

Escape