ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ШТО ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Седумгодишно момче со нож ја усмртило својата тетка во семејна расправија!

ТРАГЕДИЈА ШТО ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Седумгодишно момче со нож ја усмртило својата тетка во семејна расправија!

Трагичен семеен инцидент ја потресе Франција, откако 49-годишна жена починала по сериозен инцидент во кој било вмешано нејзино седумгодишно внукче во Сен-Мор-де-Фосе, во близина на Париз.

Според првичните информации од истрагата, кои ги пренесува BFMTV, детето се вмешало во семејна расправија во обид да ја заштити својата мајка. Сепак, околностите под кои дошло до трагичниот исход сè уште се утврдуваат.

Инцидентот се случил во ноќта меѓу 17 и 18 септември. Полицијата добила повик околу 4:30 часот наутро, откако жената била пронајдена на улица со сериозна повреда. И покрај брзата реакција на итната медицинска помош, таа починала кратко време подоцна.

Според досегашните сознанија на истражителите, непосредно пред инцидентот дошло до расправија меѓу починатата жена и нејзината 34-годишна сестра, која е мајка на седумгодишното дете.

Расправијата започнала нешто по 4 часот наутро, во домот на 34-годишната жена. Засега се наведува дека причината за конфликтот била настаната поради наизглед незначителен повод.

Во одреден момент, детето се вмешало во расправијата, при што според првичната верзија на настаните се обидело да ја заштити својата мајка. Истражителите работат на утврдување на точниот тек на случувањата и околностите кои довеле до смртта на 49-годишната жена.

По инцидентот, жената излегла надвор и побарала помош. Неколку лица се обиделе да ѝ помогнат, меѓу кои биле сосед, медицинска сестра и двајца возачи. Во меѓувреме била повикана и полицијата.

Кога полициските службеници пристигнале на местото, го затекнале седумгодишното момче заедно со неговата мајка. Двајцата биле пренесени во болница.

Посебно внимание во случајот привлекува и возраста на детето. Француското законодавство предвидува посебен третман за деца помлади од 13 години, при што постои претпоставка дека тие немаат целосна способност да ги разберат последиците од своите постапки.

Поради тоа, евентуалните понатамошни постапки кон детето не се исти како оние што би се примениле во случај на полнолетно лице.

Обвинителството во Кретеј засега не сака да дава дополнителни коментари за случајот. Истрагата продолжува, а надлежните треба да ги утврдат сите околности и точниот тек на трагичниот семеен настан.