Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 45-годишниот М.Д. од Куманово, кој бил баран со потерница за издржување на затворска казна.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето било приведено на 21 септември во 7:30 часот, постапувајќи по судска наредба за негово спроведување на издржување на казната.
На М.Д. му била изречена затворска казна во траење од една година поради сторено кривично дело „тешка кражба“, предвидено со член 236 од Кривичниот законик.
По лишувањето од слобода, 45-годишниот кумановец бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор К’шање“, каде што ќе ја издржува правосилно изречената затворска казна.









