ПРВ.мк
Македонија

УХМР ОТКРИВА ШТО НÈ ОЧЕКУВА: Времето повторно ќе се промени, а еве кога пристигнува новиот бран врнежи!

УХМР ОТКРИВА ШТО НÈ ОЧЕКУВА: Времето повторно ќе се промени, а еве кога пристигнува новиот бран врнежи!

Македонија денеска ја очекува променливо облачно и посвежо време, со повремени сончеви периоди, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во текот на денот, особено во западните планински подрачја, ќе постојат услови за појава на слаб локален дожд. Во останатите делови од земјата ќе има променлива облачност и периоди со сонце.

Времето ќе биде проследено и со умерен до засилен северен ветер. Посилно ќе дува долж Повардарието, каде што во одредени периоди брзината на ветерот може да достигне и до 60 километри на час.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 степени, додека во текот на денот максималните температури ќе достигнат од 16 до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје исто така се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе биде посвежо и ветровито, со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува 12 степени, додека максималната дневна ќе достигне до 22 степени.

Според најновата прогноза на УХМР, променливото и посвежо време нема да биде краткотрајно. До крајот на работната седмица се очекува задржување на слични временски услови, со променлива облачност и пониски утрински температури.

Сепак, нова промена во временската состојба се очекува во петок попладне, кога ќе пристигне нов бран врнежи. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон сабота, а според прогнозата, на одделни места може да бидат и пообилни.

Тоа значи дека по посвежите денови и повремените сончеви периоди, кон крајот на работната седмица Македонија повторно ја очекува повлажен период, со можност за поинтензивни врнежи на одредени подрачја.