Двајца повозрасни жители на Куманово се степале по претходна вербална расправија, при што едниот од нив се здобил со тешки телесни повреди.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера околу 21:00 часот. По расправија, дошло до физичка пресметка меѓу Ц.К. (75) и Б.П. (76), двајцата од Куманово.
Во тепачката, 76-годишниот Б.П. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница Куманово.
Нешто подоцна, во 22:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 75-годишниот Ц.К.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.









