Во стан на булеварот „АСНОМ“ во Скопје вчера била пронајдена почината 65-годишна жена, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 09:35 часот. Во станот била пронајдена 65-годишната Д.В. од Скопје без знаци на живот.
На местото пристигнал лекар, кој ја констатирал смртта. Според првичните информации, на телото немало видливи траги на насилство.
За случајот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на обдукција.
Обдукцијата треба да помогне во утврдувањето на точната причина за смртта.









