ПРВ.мк
Црна Хроника

Сообраќајка на „Рузвелтова“: 71-годишен велосипедист со тешки повреди пренесен во болница

Сообраќајка на „Рузвелтова“: 71-годишен велосипедист со тешки повреди пренесен во болница

На улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 71-годишен велосипедист.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 26 август околу 14:50 часот.

Во сообраќајката учествувале мотоцикл „веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 33-годишниот С.Н. од Скопје, и велосипед што го управувал 71-годишниот Д.Ч., исто така од Скопје.

При судирот велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Скопје.