ПРВ.мк
Спорт

Сè е подготвено за најголемиот фудбалски турнир „Оливер Соколов – Сокол“ – 40 екипи во битка за трофејот

Сè е подготвено за најголемиот фудбалски турнир „Оливер Соколов – Сокол“ – 40 екипи во битка за трофејот

Познати се сите 40 екипи кои ќе настапат на XXII Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, а организаторите го објавија и планираниот распоред за одигрување на натпреварите.

Со комплетирањето на листата на учесници, сè е подготвено за новото издание на еден од најпознатите меморијални турнири во мал фудбал во Скопје.

Ждрепката е закажана за 30 август, кога екипите ќе ги дознаат своите противници, додека турнирот официјално ќе започне на 1 септември.

Организаторите информираат дека промена или одложување на веќе закажан термин на барање на екипите нема да биде дозволено. Исклучок ќе има само доколку биде донесена одлука поради временски услови или други непредвидени околности.

Доколку дојде до промена, засегнатите екипи навремено ќе бидат известени за новиот термин.

Точниот распоред со термините и противниците ќе биде објавуван согласно текот на турнирот.