Белоруската тенисерка Арина Сабаленка успешно го започна настапот на завршниот ВТА-турнир во Индијан Велс, откако ја совлада Чехинката Каролина Мухова со 2:0 во сетови (7:6, 7:5).
Натпреварот траеше еден час и 53 минути, а Сабаленка мораше добро да се потруди за да го скрши отпорот на седмата тенисерка на светската ранг-листа.
Особено неизвесен беше првиот сет, во кој двете тенисерки имаа свои шанси, но одлуката падна во тајбрејкот, кој ѝ припадна на Белорусинката.
Во вториот сет Мухова повторно пружи силен отпор, но Сабаленка успеа да ја искористи завршницата и да стигне до победа.
Ова беше шести меѓусебен дуел на двете тенисерки и трет триумф на Сабаленка, со што резултатот во меѓусебните пресметки сега е израмнет на 3:3.
Во вториот натпревар од истата група се среќаваат Русинката Мира Андреева и Украинката Елина Свитолина.
На завршниот турнир учествуваат осум тенисерки поделени во две групи, а двете најдобропласирани од секоја група ќе обезбедат место во полуфиналето.
Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 10 милиони долари.








