ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРИЈАВЕН СЛУЧАЈ НА НЕСООДВЕТНО ДОПИРАЊЕ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: Малолетна ученичка била допирана од соученик!

ПРИЈАВЕН СЛУЧАЈ НА НЕСООДВЕТНО ДОПИРАЊЕ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: Малолетна ученичка била допирана од соученик!

Скопјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка била допирана по телото од малолетник, ученик во истото училиште, додека била на големиот одмор.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 28 октомври, во 14:30 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Во пријавата се наведува дека настанот се случил истиот ден, околу 9:30 часот, во основно училиште на подрачјето на општина Центар во Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на случајот и утврдување на сите околности поврзани со пријавениот настан.

Најнови вести